Достапни линкови

Косовската опозиција кампува пред владата


Приврзаници на косовската опозиција синоќа поставија шатори во центарот на Приштина, барајќи од владата да поднесе оставка и да распише вонредни избори. „Косово не може да биде раководено од политичари кои го загрозуваат суверенитетот на земјата’, изјави лидерот на „Самоопределување“ Висар Имер. Претходно, претставници на опозициските Алијанса за иднината на Косово, Иницијативи за Косово и Самоопределување изјавија дека на тој начин ја почнуваат новата ера на протести и оти ќе останат на улица се до соборување на владата. Тие планираат да протестираат до 7 март, кога истекува рокот за избор на нов претседател на земјата. Ако не биде избран претседател тогаш ќе мора да бидат распишани вонредни избори.

XS
SM
MD
LG