Достапни линкови

Атина се жали на построгите контроли на балканските граници


Атина го изрази своето „незадоволство“ до ЕУ во врска со построгите гранични контроли во балканските земји, поради кои илјадници мигранти останаа заглавени во Грција, соопшти кабинетот на премиерот Алексис Ципрас. Во телефонски разговор со холандскиот премиер Марк Руте, чија земја претседава со ЕУ, Ципрас, исто така, се пожалил што бил изоставен од конференцијата која е планирано да се одржи денеска во Виена, а на која ќе учествуваат земјите по должината на балканската рута на мигрантите. „Одлуките во врска со приливот на бегалци мора да бидат донесени заеднички, без исклучоци„, му рекол Ципрас на Руте. Новите мерки, според УНХЦР, го зголемуваат ризикот во заштитата на бегалците и барателите на азил.

XS
SM
MD
LG