Достапни линкови

Заев - Одложувањето на изборите е уште еден пораз на Груевски


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва изјави дека одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за одложување на изборите е уште еден пораз на Никола Груевски, кој, според него, ја признал својата лична одговорност дека нема услови за фер и слободни избори на 24 април. На прес-конференцијата одржана по полноќ во партиското седиште, Заев рече дека потврдата од ЕУ и САД, како меѓународни гаранти на Договорот од Пржино, дека не се исполнети условите за избори само покажуваат колку тие се значајни за иднината на Македонија. Заев истакна дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски сакал Македонија да ја вовлече во меѓународна изолација и да предизвика внатрешна криза. Според него, Груевски се плаши од слободни избори бидејќи знае дека ќе загуби. Заев додаде и дека вечерва се потврдило оти ништо повеќе не зависи од Груевски. Тој повтори дека во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори со прочистен избирачки список и со реформи за слободни медиуми на кои сите партии слободно ќе учествуваат.

XS
SM
MD
LG