Достапни линкови

logo-print

Повеќе ресурси за обезбедување на грчката поморска граница


Шефот на европската Агенција за гранична контрола (Фронтекс), Фабрис Леџер, изјави дека се неопходни повеќе гранични службеници, бродови и авиони за обезбедување на широката поморска граница на Грција, преку која во Европската унија влегуваат повеќето мигранти, пренесуваат американските медиуми.

Во моментов во Грција се разместени околу 775 гранични службеници и уште околу 280 во јужна Италија, каде мигрантите од Либија пристигнуваат преку Средоземно Море.

Леџер додаде дека дотокот на мигранти во јануари значително опаднал во споредба со декември, но е за неколку пати повисок во споредба со јануари 2015 година.

Минатата година во Европа пристигнаа повеќе од еден милион мигранти.

XS
SM
MD
LG