Достапни линкови

Азербејџанскиот претседател во посета на Техеран


Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и неговиот ирански колега Хасан Рохани во Техеран

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и неговиот ирански колега Хасан Рохани во Техеран

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев е во посета на Техеран каде што разговара со неговиот ирански колега Хасан Рохани. Претставници на двете земји потпишаа 11 договори за соработка во транспортот, прекуграничниот пренос на струја, здравство и медицински науки, царински прописи и за трговија со нафта и природен гас. Алиев последен пат го посети Иран во 2014 година кога се сретна со врховниот водач, ајатолахот Али Хаменеи. Односите меѓу овие две земји богати со енергенси се нарушени во последните неколку години поради шпионски скандали. Азербејџанските власти во 2012 година уапсија неколкумина луѓе со наводни врски со Иран за планирање напади во Азербејџан. Исто така неколкумина азербејџански државјани беа затворени под обвинение дека шпионирале за Иран. Пријателските односи на Баку со Израел исто така се извор за тензии во односите со Иран.

XS
SM
MD
LG