Достапни линкови

Берлин го повикува ВМРО-ДПМНЕ на конструктивност


Германското Министерство за надворешни работи денеска оцени дека во Македонија нема услови за избори според европски стандарди. Се нагласува дека сите партии потписнички на договорот од Пржино треба да бидат конструктивни, но пред сè владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Одговорноста да ги донесе потребните заклучоци од моменталната состојба на изборните подготовки лежи кај потписниците на спогодбата од Пржино. Сојузната Влада ги повикува засегнатите партии да вложат напор, конструктивно и со потребната политичка волја да изнајдат заедничко решение, кое ќе ја придвижи земјата напред во правец на европската интеграција. Тоа важи, пред сè, за владејачката партија ВМРО: И таа не смее да се огради од сознанието дека изборите ќе ѝ помогнат на земјата единствено ако претходно се создадат предуслови за нивно фер спроведување, согласно европските стандарди“, се наведува во соопштението од германското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека за да се обезбедат еднакви шанси за сите партии, неопходни се веродостојни избирачки списоци, медиумски реформи, кои сѐ уште не се спроведени, како и разграничување меѓу партијата и државата, кое недостига.

XS
SM
MD
LG