Достапни линкови

Министрите и замениците од СДСМ поднесоа оставки


Министрите и дополнителните заменик-министри од СДСМ поднесуваат оставки во владата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција пред владата. Тој побара од Собранието денеска да ги констатира нивните оставки. Одговарајќи на новинарско прашање, што ако Собранието донесе одлука да не се распушти и да ги одложи изборите, Спасовски рече дека оставките ги поднесуваат само ако има избори на 24 април, за што според СДСМ, но и според меѓународната заедница, нема услови.

XS
SM
MD
LG