Достапни линкови

Гарет - Консензусот е најдобар начин Македонија да тргне напред


Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет.

Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет.

Денеска е клучен ден за шанса за враќање на пристапот на консензус, што е најдобриот начин за Македонија да оди напред, вели британскиот амбасадор Чарлс Гарет во разговор за Радио Слободна Европа.

Господине Гарет, од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека се за избори на 24 април за разлика од СДСМ и меѓународната заедница кои тврдат дека нема услови за нивно спроведување. Што ќе се случи доколку се спроведат избори на 24 април и ВМРО-ДПМНЕ и натаму остане на својата одлука, а СДСМ не учествува во нив?

Тоа е добро прашање, но јас би се фокусирал на денешниот ден на прашањето кое треба да биде одговорен. Дали се уште е можно политичките партии да се вратат на патот на консензус. Јас целосно го поддржувам писмото и напишаното во него кое амбасадорите на ЕУ и на САД му го предадоа на премиерот Емил Димитриев за време на викендот. Во тоа писмо беше кристално јасно напишано дека анализата која беше спроведена е исто така кристално јасна и се надевам дека денеска, пред Парламентот да се самораспушти, политичките лидери од Македонија ќе се здружат и ќе најдат начин да се вратат на пристапот на консензус. Тоа секако е најдобриот пристап за земјата.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека во анализата на меѓународната заедница нема докази оти во Македонија не се исполнети условите за спроведување на изборите на 24 април?

Анализата во тоа писмо беше базирана на многу разговори и обезбедување на докази од многу различни експерти и други луѓе инволвирани во подготовката на изборите, така што анализата има цврста основа и солидни докази.

Значи, вие очекувате ВМРО-ДПМНЕ да донесе одлука за одложување на изборите во април?

Не можам да предвидам што ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучи, но повторувам дека денеска апсулутно е круцијален ден за шанса за враќање на пристапот на консензус што е најдобриот начин за Македонија да оди напред.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG