Достапни линкови

Во Грција и натаму пристигнуваат мигранти


Во Грција и натаму пристигнуваат мигранти
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00

Во Грција и натаму пристигнуваат мигранти

Илјадници мигранти пристигнуваат во грчкото пристаниште Пиреја несвесни дека не можат да го продолжат нивното патување. Илјадници други остануваат заглавени на грчко-македонската граница откако се воведени построги контроли. Грција најави дека ќе поставува кампови.

До ова дојде откако мигрантите кои преку балканската рута сакаат да стигнат до поразвиените европски земји би можело да останат заглавени во Грција бидејќи се повеќе земји на оваа рута почнаа да воведуваат контроли за да го намалат приливот на оние што бегаат од војните на Блискиот исток, но и од подалеку.

Над илјада патници на бродот „Блу стар Патмос“, повеќето од нив жени и деца во придружба на грчката крајбрежна стража останаа во Пиреја откако им било кажано дека нема автобуси кои водат до границата со Македонија.

Јусеф, 31-годишен аптекар од сирискиот град Алепо, вели дека не знаел за ваквата ситуација на границата.

Ако одам во пеколот и таму ќе биде полесно за живеење од Сирија. Сирија е неподнослива, таму никој не може да живее ако не е терорист или борец.
Амад Мансур, бегалец од Илдиб, Сирија

„Сакам да одам во Германија сега. Барам автобус, но тие ми рекоа дека нема. Треба да чекаме. Зошто? Не знам што да правам“, вели тој.

Амад Мансур, заедно со семејството, ја напуштил провинцијата Илдиб откако, како што вели, неговиот дом бил разурнат кога почнале руските воздушни напади таму.

Тој е поранешен учител и вели дека најдобро ќе било да стигне до Германија. Но, како што додава, не е битно каде ќе заврши.

„Ако одам во пеколот и таму ќе биде полесно за живеење од Сирија. Сирија е неподнослива, таму никој не може да живее ако не е терорист или борец“, вели 46-годишниот Мансур.

Од почетокот на годинава досега, според Меѓународната организација за миграции, во Грција пристигнале околу 84 илјади мигранти, од кои над 320 се удавиле.

Протокот на луѓе, како што велат грчките власти, бил забавен поради ограничувањата на границите на земјите во балканската рута кои сакаат дополнителна идентификација на луѓе, вклучувајќи ги и сириските бегалци.

​„Мислам дека тоа сосема не е фер, овие луѓе не се свесни дека границите се затворени, тие сакаат да одат натаму. Слушнав, не пуштаат Авганистанци. На оние од Ирак и Сирија наводно им е дозволено. Но, ова се менува секој ден, па нема ништо сигурно“, вели Рита, локален волонтер која работи за една хуманитарна организација.

​Грција, главната влезна точка во Европа за повеќе од еден милион бегалци и мигранти, се најде под критики за неуспехот да го контролира приливот преку морската граница со Турција.

Грција, пак, се жали дека товарот со мигрантите е непропорционално распоред во рамките на Унијата особено со оглед на тоа што земјата заздравува од шест годишната длабока рецесија. Атина бара и од Анката да стори повеќе за да ги спречи мигрантите.

Затворањето на границите на северот пак ги зголеми страхувањата во Грција дека таа би можело да стане тампон зона за мигрантите и бегалците.

„Ни требаат кампови и ние ќе ги изградиме“, изјави грчкиот министер за миграции Јанис Музалас.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG