Достапни линкови

Обама и Путин разговараа за Сирија


Претседателите на САД и на Русија Барак Обама и Владимир Путин телефонски разговараа за постигнатиот договор за прекин на огнот во Сирија, соопштено е во Вашингтон и во Москва. Белата куќа наведе дека во текот на разговорот што го иницирал Путин, Обама изјавил дека е неопходно сите страни во конфликтот да го почитуваат договорот, со цел фокусот да биде ставен врз борбата против милитантите на Исламската држава. Путин од своја страна изјавил дека Русија ќе стори се што е неопходно со цел Дамаск да го почитува договорот кој стапува во сила на 27 овој месец.

XS
SM
MD
LG