Достапни линкови

Асад за 13 април закажа избори во Сирија


Башар ал Асад

Башар ал Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад за 13 април ги закажа парламентарните избори во таа земја. До ова дојде веднаш откако Соединетите држави и Русија објавија дека примирјето во Сирија почнува во текот на претстојниот викенд. Не е јасно дали ваквиот потег на Асад е во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се предвидуваат парламентарни и претседателски избори откако ќе биде воспоставено примирје како дел од 18 месечниот период за политичка транзиција. Последните избори во Сирија беа одржани во мај 2012 година.

XS
SM
MD
LG