Достапни линкови

Стејт департмент: да се разгледа можноста за друг датум за избори


„Продолжуваме да ги поддржуваме напорите на Македонија за евроатланска интеграција. САД и ЕУ до Владата на Македонија ја доставија заедничката оценка околу подготовките за одржување на веродостојни парламентарни избори. Во оценката се наведува дека во моментов не постојат услови за одржување веродостојни избори на 24-ти април. Главната точка на таа оценка е дека на Државната изборна комисија и е потребно дополнително време да ги изврши своите работни задачи“. Ова во писмена изјава за Гласот на Америка го наведува Стејт департментот во врска со актуелните случувања во Македонија во која се додава: „Подготовките за изборите не треба да се избрзуваат. Ги охрабруваме законодавците да ја земат предвид оценката и да ја разгледаат можноста за одредување друг датум за избори. Иако времето е кратко, се уште има време лидерите да реагираат пред закажаното распуштање на Парламентот на 24-ти февруари, за да се обезбеди дека условите за одржување на веродостојни избори ќе бидат исполнети. САД, во координација со ЕУ, ќе продолжат да ги поддржуваат подготовките за избори, особено работата на Државната изборна комисија, како и потребата од итни реформи во медиумската сфера и пошироко“, се наведува во изјава на американскиот Стејт департмент.

XS
SM
MD
LG