Достапни линкови

Бејли - Договорот од Пржино не е мртов


Договорот од Пржино не е мртов, вели американскиот амбасадор Џес Бејли во интервју за телевизија Телма. Тој вели дека за САД и за ЕУ договорот се уште е валиден и тие работат да им помогнат на партиите да го спроведат. Амбасадорот вели дека сега главното прашање е дали треба или не да се одржат изборите на 24 април или да се размисли за нов датум. „Ние нашиот став за тоа прашање јасно го кажавме, но одлуката за тоа треба да ја донесат политичките партии“, рече Бејли. На прашањето што ќе се случи ако изборите не бидат признаени како веродостојни тој вели дека нема да шпекулира. Но посочува дека сега постојат одредени ризици, во контекст на најавите за протести и други активности поврзани со датумот на избори 24 април и затоа препорачува изборите да се одложат.

XS
SM
MD
LG