Достапни линкови

Ховит, Вајгел и Кукан доаѓаат во Македонија да бараат решение


Европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан вечерва ќе допатуваат во Скопје, објави новинската агенција „Мета“, повикувајќи се на извори од Брисел. Потврда на нивното доаѓање даде и евроамбасадорот Аиво Орав, кој на Твитер напиша дека утре е последна шанса за решение со тројцата европратеници.

„Амбасадорите на земјите членки на ЕУ разговараат за ситуацијата. Партиите треба да најдат решение; утре е последна шанса со европратениците Вајгл, Ховит и Кукан“, напиша Орав на Твитер.

Тројцата европратеници, кои заедно со еврокомесарот Јоханес Хан посредуваа во носењето на Договорот од Пржино, во текот на утрешниот ден ќе се обидат да ги приближат ставовите меѓу владејачката партија и опозицијата за датумот на изборите. Засега нема информации дали европратениците ќе имаат и заедничка средба со лидерите на политичките партии, јавува Мета.

XS
SM
MD
LG