Достапни линкови

logo-print

Камерон - Излегувањето од ЕУ е скок во непознатото


Британскиот премиер Дејвид Камерон предупреди дека излегувањето од Европската унија „може да им наштети на работните луѓе во годините што доаѓаат“. Во излагањето пред пратениците во Долниот дом, тој денеска рече дека Велика Британија се соочува со избор да стане уште повеличествена со останувањето во ЕУ или „да скокне во непознатото“ со излегувањето. Камерон се надева дека ќе добие поддршка за кампањата за останување на неговата земја во ЕУ на референдумот на 23 јуни. Минатата недела тој постигна договор за реформи со ЕУ за да се зајакне „специјалниот статус“ на Велика Британија во Унијата. Тој обезбеди поддршка од мнозинството од владиниот кабинет, но шестмина министри рекоа дека ќе поддржат гласање за излегување на земјата од ЕУ. Повеќе од 100 пратеници од неговата Конзервативна партија исто така се залагаат за напуштање на Унијата.

XS
SM
MD
LG