Достапни линкови

Примирје во Сирија од 27 февруари


Руско-американскиот нацрт-план за прекин на судирите во Сирија треба да започне на 27 февруари, јавува Ал Џезира, тврдејќи дека дошла до договорот, кој беше потврден до неименувани западни извори. Прекинот на огнот нема да се однесува на Исламската држава, Фронтот Ал Нусра, кој е поврзан со Ал Каеда и на другите организации кои од страна на ОН се прогласени за терористички. Американски официјални претставници рекоа дека договорот е очекуван по денешниот телефонски разговор меѓу претседателите на САД и на Русија, Барак Обама и Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG