Достапни линкови

Авганистанските сили се регрупираат во Хелманд


Авганистанските сили во јужната провинција Хелманд

Авганистанските сили во јужната провинција Хелманд

Авганистанските сили се повлекоа од две области во јужната провинција Хелманд. Гувернерот на провинцијата, Хан Рахими, изјави дека армијата се повлече од две бази и оти во тие области нема војници, кои се преместени во други делови на провинцијата. Портпаролот на армијата рече дека војниците се распоредени во области кои се поприоритетни. Силите на НАТО во Авганистан соопштија дека авганистанската армија донела „тактичка одлука за прераспоредување на силите за поефективна борба против талибанците“. Хелманд, кој е главен центар на производството на опиум, со месеци излегува од владина контрола, додека милитантите освојуваат сè повеќе села.

XS
SM
MD
LG