Достапни линкови

Илјадници авганистански мигранти заглавени во Грција


Илјадници мигранти се заглавени на северната граница на Грција кон Македонија и во Атина, откако Македонија ја затвори границата за мигрантите од Авганистан. Околу пет илјади луѓе се заглавени во Идомени или во автобуси во близина на границата, додека уште четири илјади пристигнале на пристаништето во Пиреја. Македонските власти пропуштаат само Сиријци и Ирачани, тврдејќи дека на Авганистанците не им е дозволен влез во Србија. Белград, пак, не дава јасен одговор зашто им забранува влез на мигрантите од Авганистан. Австрија минатата недела постави дневен лимит за 80 барања за азил, што ги зголеми стравувањата од домино ефект на балканската мигрантска рута. Оваа година досега околу 100 илјади бегалци и мигранти влегоа во Грција од Турција.

XS
SM
MD
LG