Достапни линкови

logo-print

Заев - Уште подлабока криза ако има избори во април


Какво било инсистирање за избори на 24 април само заради спас на власта ќе ја втурне Македонија во уште подлабока криза, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција. Тој го повтори ставот на партијата дека не може да има фер избори на 24 април.

„На Македонија ѝ се неопходни избори час поскоро, избори без фантомски гласачи и со слободни медиуми. Избори на кои ќе одлучат граѓаните, а не мафијата“, рече тој.

На прашањето дали СДСМ ќе иницира да се повлече одлуката за распуштање на Парламентот, Заев одговори дека тие што го распуштиле, тие треба и да донесат одлука сега.

XS
SM
MD
LG