Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Има услови за избори, ЕУ и САД немаат аргументи


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Услови за фер и демократски избори има, а САД и ЕУ немаат кредибилни аргументи дека земјата не е подготвена за избори, туку тоа е нивна политичка одлука, соопшти владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според партија, СДСМ бега од избори и сака да ја продолжи кризата, затоа што знае дека ќе изгуби.

„Претставниците на САД и ЕУ не презентираа ниту еден сериозен и кредибилен аргумент во прилог на тезата за неподготвеноста на Република Македонија за избори со што е јасно дека станува збор за проценка базирана на политичка одлука, а не факти“, се наведува во соопштението.

Владејачката партија наведува дека вчера ја повикале Државната изборна комисија, партиите и засегнатите меѓународни претставници на јавна дебата, но претседателот на ДИК се криел и избегнувал средба цел ден.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека ваквите состојби може да ја воведат земјата во нови проблеми и наместо кон излез од кризата да ја однесат кон нејзино продлабочување.

XS
SM
MD
LG