Достапни линкови

Состанок на сириската опозиција во Ријад


Главната сириска опозициска организација денеска се среќава во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, додека Вашингтон и Москва продолжуваат со дипломатските напори за посредување за договор за прекин на огнот. Се очекува средбата во Ријад да трае два или три дена. Договорот за прекин на огнот што беше постигнат со посредство на ОН во Женева на почетокот на месецов пропадна, затоа што владините сили поддржани од руската авијација напредуваат против бунтовниците во близина на Алепо. На разговорите во Ријад не учествуваат претставници на Исламската држава.

Американскиот државен секретар Џон Кери вчера соопшти дека е постигнат „привремен договор“со Русија за делумно примирје во Сирија. Опозициските лидери велат дека ќе го прифатат договорот, ако Москва и Техеран го запрат огнот, а силите на претседателот Башар ал-Асад дозволат испорака на хуманитарна помош за опколените опозициски области.

XS
SM
MD
LG