Достапни линкови

Бензинот поевтинува за три денари, дизелот непроменет


Малопродажната цена на бензините се намалува за три денари, а цената на дизелот останува непроменета. Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената на Еуросупер БС - 95 ќе изнесува 55 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС 98 ќе изнесува 57 денари за литар. Еуродизелот и во наредните 14 дена ќе се продава по 41 денар за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар и ќе изнесува 30 денари за литар, додека на мазутот е 14,673 денари за килограм.

Регулаторната комисија за енергетика ги одредува цените на горивата во зависност од цената на суровата нафта на светските берзи и од курсот на доларот.

XS
SM
MD
LG