Достапни линкови

logo-print

Коцијанчич – Сега нема услови, но работете за кредибилни избори


Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска ја потврди оценката што во име на Европската унија и на САД синоќа ја соопшти американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, дека сè уште не се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори во Македонија на 24 април, јавува МИА. Во име на ЕУ, таа ги повика политичките партии во Македонија „да останат посветени за одржување кредибилни избори што е можно побрзо“.

„Оценката покажа дека во оваа фаза, потребните услови за организирање на кредибилни избори на 24 април во моментов не се обезбедени, иако е постигнат прогрес. Во овој контекст, ние веруваме дека сериозни напори на сите засегнати страни се потребни за да се обезбеди дека ќе бидат обезбедени погодни услови за кредибилен изборен процес, каде сите граѓани и партии слободно ќе партиципираат. Ние ги повикуваме политичките лидери да останат посветени и политичките партии се очекува да работат кон потребните чекори што се потребни за одржување на кредибилни избори што е можно побрзо“, посочи портпаролката Коцијанчич.

XS
SM
MD
LG