Достапни линкови

Пораст на обидите на мигрантите за влез во Унгарија


Унгарија денеска соопшти дека има голем пораст на бројот на мигранти што се обидуваат нелегално да ја преминат нејзината јужна граница. Тоа е прво значително зголемување на обидите за влез во Унгарија, откако земјата подигна ограда на границата со Србија минатата година. Властите во Будимпешта соопштија дека само овој месец 1500 луѓе се обиделе да влезат во земјата нелегално преку Србија, од кои 500 само во изминатите три дена. Полицијата соопшти дека повеќето биле економски мигранти од Мароко, Иран и од Пакистан. За разлика од Сиријците кои бегаат од војна, малку е веројатно дека економските мигранти може да добијат азил во Европа, туку се соочуваат со депортација. Околу 300 илјади мигранти поминаа низ Унгарија во 2015, сè додека владата во септември и октомври не ја затвори границата со ограда и бодликава жица.

XS
SM
MD
LG