Достапни линкови

Камерон ќе му го претстави договорот со ЕУ на Парламентот


Градоначалникот на Лондон Борис Џонсон и британскиот премиер Дејвид Камерон

Градоначалникот на Лондон Борис Џонсон и британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска на парламентот ќе му го претстави договорот за реформи на ЕУ, со надеж дека ќе добие поддршка за кампања за останување во Унијата. Претходно, градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, им зададе удар на напорите на премиерот, велејќи дека ќе ја поддржи кампањата за излегување на Велика Британија од ЕУ и покрај договорот постигнат во Брисел.

Камерон за договорот доби поддршка од мнозинството од неговиот кабинет. Сепак, шестмина министри, вклучувајќи го и секретарот за правда Мајкл Гоув, рекоа дека ќе го поддржат гласањето за излегување на Велика Британија од ЕУ.

Џонсон, кој се смета за популарен кандидат за раководството на Конзервативната партија, денеска изјави дека договорот постигнат меѓу Камерон и челниците на ЕУ во Брисел не ги менува суштински односите меѓу Унијата и Велика Британија. Камерон, пак, предупреди дека неговата земја ќе го изгуби влијанието ако ја напушти Унијата.

XS
SM
MD
LG