Достапни линкови

Запрени борбите во ирачкиот град Фалуџа


Борбите меѓу ирачките сили и милитантите на Исламската држава во Фалуџа биле запрени откако милитантите заробиле шеесетина жители на градот. „Ги запревме борбите поради страхување дека заробените ќе бидат егзекутирани“, изјави претставник на локалната власт Иса Саир. Борбите почнаа на 19 февруари и има извештаи за загинати и на двете страни. Фалуџа е еден од двата големи ирачки градови кои се под контрола на ИД. Другиот е Мосул.

XS
SM
MD
LG