Достапни линкови

Над 140 убиени во серија експлозии во Сирија


Сириски активисти и провладини медиуми јавуваат дека над 140 луѓе биле убиени во серија експлозии во делови во Сирија кои се под контрола на владините сили. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија јави дека околу 60 луѓе, главно цивили загинале во експлозии на автомобили бомби во градот Хомс во централниот дел на земјата. Неколку часови подоцна се случиле три експлозии на еден пазар во Дамаск при што загинале 80 луѓе. За овие напади одговорноста ја презедоа милитантите на Исламската држава. Претходно американскиот државен секретар Џон Кери соопшти дека со Русија била постигната начелна согласност за делумно примирје во сирискиот конфликт.

XS
SM
MD
LG