Достапни линкови

logo-print

СДСМ: Меѓународната заедница потврди нема услови за избори на 24 април


Меѓународната заедница го потврди она што СДСМ го говори цело време: на 24-ти април нема услови за слободни, фер и демократски избори, соопшти синоќа СДСМ. „Оценката на Европската унија и САД дека во овој момент потребните услови за организирање на кредибилни избори на 24 април не се исполнети и констатацијата дека се уште не е постигнат договор за реформи на медиумите е директна потврда на она што граѓаните веќе го знаат. Не се создадени услови за фер избори на 24 април, се додека не се прочисти избирачкиот список и нема реформи во медиумите“, се наведува восоопштението на опозициската партија. СДСМ додава дека граѓаните сега со право очекуваат да се исполнат сите услови за фер и демократски избори преку навремено прочистување на Избирачкиот список и преку навремена регулација на медиумите.

XS
SM
MD
LG