Достапни линкови

logo-print

За Хан квалитетот на изборите поважен од датумот


Суштината и квалитетот на изборите се поважни од датумот, напиша еврокомесарот Јоханес Хан на својот Твитер профил, откако ЕУ и САД ја соопштија својата заедничка оценка дека нема услови за кредибилни избори на 24 април.

Хан минатиот месец во писмено соопшение по одлуката на владејачката партија да има избори на 24 април година и по констатирањето на оставката на Груевски во Собранието, напиша дека повеќе би сакал консензуална одлука на сите партии, но дека сега од круцијална важност е сите политички и институционални актери во земјата да сторат сè што можат за да се обезбедат фер избори според демократски стандарди. Потоа за бугарскиот неделник Капитал, Хан на прашањето за изборите во Македонија изјави дека не е важно дали сите партии ќе учествуваат, туку е важен квалитетот на изборниот процес. Потоа неговата портпаролка коментираше дека изјава на Хан била извадена од контекст.

XS
SM
MD
LG