Достапни линкови

logo-print

Блокади на Дојрани и Меџитлија


Граничниот премин Дојрани за влез и излез во двата правца, од Македонија кон Грција и обратно, попладнево ќе биде блокиран поради штрајк на грчките земјоделци.

Како што соопшти АМСМ, за време на блокадата од 18 до 22 часот патничките и товарните возила не ќе можат да ја минуваат границата.

Поради штрајкот на грчките земјоделци кои поставуваат трактори, од 17 до 21 часот во целосен прекин ќе биде и сообраќајот за влез и излез од Македонија - Грција на граничните премини Меџитлија - Ники.

XS
SM
MD
LG