Достапни линкови

ИД зароби локални жители во Фалуџа


Судирите меѓу ирачките племиња и припадниците на организацијата Исламска држава во Фалуџа, наводно биле прекинати откако милитантите заробиле десетици жители. Се шпекулира со бројка од 60 до 100 заробени локални жители.

„Судирите беа запрени поради стравот дека заробениците ќе бидат убиени, рекол локален претставник на властите.

Борбите меѓу сунитските арапски племиња и милитантите на ИД во Фалуџа започна на 19 февруари, а извештаите велат дека има жртви на двете страни.

Фалуџа и Мосул се двата ирачки града кои се под контрола на милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG