Достапни линкови

Вонредна лидерска средба


Вонредна лидерска средба е закажана за денеска во пресрет на очекувата оценка од меѓународната заедница за изборите, потврдуваат партиски извори.

На средбата треба да присуствуваат лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ, Али Ахмети , ДПА Мендух Тачи.

На средбата амбасадорите директно на лидерите на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино ќе им ја соопштат оценката за тоа дали има услови изборите да се одржат на 24 април. Потоа се очекува амбасадорите да и ја соопштат на јавноста проценката околу исполнувањето на условите за одржување на вонредни парламентарни избори.

XS
SM
MD
LG