Достапни линкови

Спасовски - кризата ќе се реши со фер и демократски избори


ВМРО-ДПМНЕ нема веќе легитимитет да се крие зад народот. ВМРО-ДПМНЕ мора да се соочи со реалноста, мора да сфати дека Македонија ќе ја разреши политичката криза само ако имаме фер и демократски изборен процес и од тоа отстапување нема. Нема отстапување заради граѓаните на Република Македонија и заради нејзината иднина, изјави во Берово генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тим на партијата денеска во Берово и околината разговарал со граѓаните кои, како што информира СДСМ, се повеќе се охрабруваат и посакуваат промени.

„Голем е интересот да има фер и демократски избори коишто ќе се одржат во атмосфера во која ќе се елиминираат сите досегашни притисоци и граѓаните да можат да носат одлука самостојно, и согласно со сопственото убедување“, изјави Спасовски.

XS
SM
MD
LG