Достапни линкови

Кери: Постигнат договор со Русија околу условите за примирје во Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека тој и неговиот руски колега Сергеј Лавров постигнале договор за условите за прекин на судирите во Сирија.

„Постигнавме привремен договор за условите за прекин на судирите кој би можел да стартува во наредните неколку дена.“ Ова Кери го изјави на прес конференција во Аман по средбата со јорданскиот министер за надворешни работи Насер Џудех.

Кери додаде дека заедно со Лавров изразуваат надеж оти американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретнат во текот на следниве неколку дена со цел да го комплетираат договорот. Тој додаде дека двете страни се уште го надополнуваат договореното со одредени детали.

XS
SM
MD
LG