Достапни линкови

Кадиров му понуди место рускиот фубалер Тарасов


Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров му понуди место во чеченски фудбалски клуб на рускиот играч кој беше казнет од УЕФА затоа што за време на натпревер го соблекол дресот под кој носел маица со ликот на рускиот претседател Владимир Путин. Кадиров на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм напиша дека „Терек е подготвен да го купи фудбалерот Дмитри Тарасов. Кадиров е почесен претседател на фудбалскиот тим Терек.

УЕФА покрена постапка против Тарасов поради несоодветно однесување, односно за носење облека со политички слогани, откако тој на натпреварот меѓу рускиот Локомотов и турскиот Фенербахче, го соблече дресот покажувајќи ја маицата со ликот на Путин.

Тимот го казни со 300 илјади евра казна, а казната од УЕФА се очекува да биде соопштена следниот месец.

Кадиров напиша дека ако Тарасов не сака да се приклучи на чеченскиот клуб, тогаш тие се подготвени и да ја платат паричната казна која ја одреди клубот Локомотив.

Односите меѓу Русија и Турција се заострени во изминатиов период поради инцидентите на границата со Сирија.

XS
SM
MD
LG