Достапни линкови

Клинтон победи во Невада, Трамп во Јужна Каролина


Хилари Клинтон победи на внатрепартиските избори на Демократската партија во Невада, јавуваат странските медиуми. Таа освои 52 отсто од гласовите , додека нејзиниот ривал Берни Сандерс, 48%. Клинтон на социјалните мрежи се заблагодари на сите во Невада кои гласаа за неа.

Во меѓувреме и Доналд Трамп очекува триумф меѓу републиканските гласачи во сојузната држава Јужна Каролина.

Резултатите од овие гласања ќе имаат значително влијание врз натамошните избори во партиите, коишто траат до јуни, по што ќе бидат именувани кандидатите на Републиканската и на Демократската партија за новиот станар на Белата куќа.


Републиканците своите предизбори во Невада ќе ги одржат во вторник, а демократите своите во Јужна Каролина следната сабота.

XS
SM
MD
LG