Достапни линкови

Републиканецот Буш се повлече од претседателската трка


Поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш, соопшшти дека се повлекува од републиканската трка за претседател на САД. Станува збор за братот на поранешниот претседател Џорџ Буш.

Тој повлекувањето го соопшти во Јужна Каролина каде што освои 8,3 проценти од гласовите на републиканците. Кога минатата година ја објави кандидатурата се сметаше за фаворит.

Мнозинството гласови во Јужна Каролина ги освои милијардерот Доналд Трамп.

XS
SM
MD
LG