Достапни линкови

Во Кабул наскоро пак ќе има струја


Во авганистанската престолнина се очекува повторно да биде активирана енергетската мрежа, откако милитанти уништија кабли кои го снабдуваат со струја Кабул од Узбекистан. Во соопштението од авганистанската компанија за енергија е наведено дека војската го исчистила регионот каде што се уништени каблите од милитантите поврзани со Талибанците. Реконструирана е поголем дел од мрежата и се очекува во следните пет дена работата да биде завршена е наведено во соопштението. Последнава криза со снабдувањето на енергија која започна кон крајот на минатиот месец е најголема во изминативе 15-тина години, односно од времето на талибанскиот режим.

XS
SM
MD
LG