Достапни линкови

Русија „жали “ за одлуката на Советот за безбедност


Русија изразува жалење што Советот за безбедност на Обединетите Нации го одби барањето да се прекинат турските воени акции врз Сирија.

Западните сили ја одбија руската резолуција за запирање на турското прекугранично бомбардирање на сириските Курди и побараа од Москва да се држи до плановите за примирје во Сирија.

Рускиот портпарол на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Москва е загрижена за растечката тензија на сириско- турската граница. Тој додаде дека Русија ќе продолжи со поддршка на копнената офанзива на претседателот Башал Ал Асад.

Западните сили сметаат дека руската поддршка во оваа насока предизвикува ескалација на конфликтот.

XS
SM
MD
LG