Достапни линкови

Дачиќ: Во Либија загинаа српски државјани


Двајцата службеника на српската амбасада во Либија, кои се киднапирани во ноември минатата година, загинаа во американските воздушни напади врз база на Исламска држава во Либија, а се чека официјална потврда од либиските власти и идентификација, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

-„За жал вчера попладне добивме информација дека во овој напад загинале повеќе странски државјани, меѓу кои и двајца службеника на нашата амбасада,“ истакна Дачиќ на прес-конференција. Тој нагласи дека информацијата се уште не е официјално потврдена од либиските власти.

Дачиќ истакна дека Пентагон синоќа соопштил дека воздухопловните сили извршиле напад во Либија врз цели кои претставуваат закана за САД. Во нападот загинале повеќе од 40 луѓе, најголем дел се граѓани на Тунис кои се наоѓаат во Либија, а цел бил камп за кој постои сомнеж дека и припаѓа на Исламска држава и „тука биле сместени странски државјани“.

XS
SM
MD
LG