Достапни линкови

Политичките партии барале ЕУ и САД утре да ја соопштат оценката


На барање на лидерите на политичките партии, проценката на ЕУ и САД за тоа дали се исполнети условите за одржување на изборите на 24 април, ќе биде соопштена утре, велат од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Ова е второ одложување на соопштување на оценката на амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли за прашањето дали се исполнети условите за одржување на изборите врз основа на три критериуми: договор за медиумите, прочистување на Избирачкиот список и одвоеност на партијата од државата.

Амбасадорот Орав вчера беше во Брисел на консултации со кабинетот на Еврокомесарот Јоханес Хан кој лично посредуваше во постигнувањето на договорот од Пржино.

Во очекување на одговорот од меѓународната заедница дали ќе даде поддршка за одржување на избори на договорениот датум во април партиите излегоа со свои ставови.

До сега ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека не сака да остапи од 24 април, а СДСМ инсистира да се одржат изборите само кога ќе се исполнат условите за да бидат фер и слободни.ДУИ пак, го промени ставот и вчера соопшти дека е потребно консензус за нов датум за избори.

Трите клучни точки кои требаше да бидат исполнети до денеска беа договор за медиумите, прочистување на списокот и одвојување на партијата од државата.

XS
SM
MD
LG