Достапни линкови

Оланд стравува од конфликт меѓу Туција и Русија


Турските напади врз позиции на Курдите во Сирија може да доведе до отворен конфликт со Русија, што е многу опасно бидејќи Турција е членка на НАТО, предупреди францускиот претседател Франсоа Оланд. Тој додаде дека Франција ќе продолжи да ги бомбардира реоните кои се под контрола на Исламска држава.

„Тоа е терористичка организација, тоа не е опозиција на Башар ал Асад. Јас барам од коалицијата во Сирија да не ја испушта од вид таа главна цел. Тоа истото се однесува и за Турција и Русија, “ истакна Оланд по средбата на врвот на ЕУ во Брисел.

Тој нагласи дека главна тема на средбата на врвот Турција-ЕУ следниот месец ќе бидат миграцијата и контролата на границите. Оланд потсети дека министрите за одбрана на земјите од НАТО на 10 февруари донесоа одлука да испратат военоморски сили на Алијансата во Егејско Море за зајакнување на контролата на турските граници и набљудување на нелегалната трговија со мигранти.

XS
SM
MD
LG