Достапни линкови

Саудиска Арабија му се налути на Либан


Саудиска Арабија соопшти дека ќе ја сопре помошта од 4 милијарди долари за опремување и поддршка на либанските безбедносни сили. Ваквата одлука доаѓа откако Либан одби да ја подржи саудиската резолуција против Иран на состанокот на арапските министри за надворешни работи.

Од кабинетот на премиерот на Либан соопштија дека жалат за ваквата одлука која е против долгогодишната историја на добри односи на двете земји и дека тие се заинтересирани и натаму да оддржуваат пријателски односи со Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG