Достапни линкови

Камерон договори „специјален статус“ за Британија


Belgium -- British Prime Minister David Cameron gestures at a meeting with Italian Prime Minister during an European Union leaders summit on the so-called Brexit and migrants crisis, in Brussels, February 19, 2016

Belgium -- British Prime Minister David Cameron gestures at a meeting with Italian Prime Minister during an European Union leaders summit on the so-called Brexit and migrants crisis, in Brussels, February 19, 2016

Британскиот премиер Дејвид Камерон и ЕУ објавија план да се задржи Велика Британија во Европската Унија преку „специјален статус“ во рамките на ЕУ. По два дена поминати во интезивни преговори, Камерон изјави дека доцна синоќа дека договорот овозможува Британија да ја намали имиграцијата и да избегне поголема интергација во еврозоната. Камерон изјави дека Британија никогаш нема да се приклучи кон еврозоната.

Неговата влада побара од Европа повеќе права за земјите надвор од еврозоната, намалување на регулациите за поголема конкурентност на Европа на глобалниот пазар, повеќе права на националните парламенти при донесување на заеднички решенија и воведување на можност за намалување на социјалната помош за имигрантите од други европски земји.

Овој пакет од предлози беше усвоен едногласно од лидерите по дводневни дебати во Брисел.

Камерон најави дека наскоро ќе биде одреден и датумот за референум по постигнатиот договор.

XS
SM
MD
LG