Достапни линкови

logo-print

ММФ: Албанската економија оди во позитивен правец


Меѓународниот монетарен фонд одобри две транши во износ од 72,4 милиони евра, од кредитот претходно одобрен на албанската Влада во износ 226,8 милиони евра. Оваа одлука доаѓа по посетата на мисијата на ММФ во Тирана во ноември 2015 година, која оценила дека албанската економија оди во позитивен правец. Заменик генералниот директор на ММФ, Мин Жу изјавил дека заживувањето на албанската економија е на вистинскиот пат и покрај опасностите за пад на економијата. Тој порачува дека Владата треба да продолжи со програмата на реформи за да го зголеми потенцијалот на земјата за раст, зачувувајќи ја макроекономската стабилност.

XS
SM
MD
LG