Достапни линкови

Чекајќи ги ЕУ и САД


Оценката на ЕУ и САД за тоа дали има услови за одржување кредибилни избори на 24-ти април ќе биде објавена денеска попладне.

Oценката ќе ја презентираат амбасадорите Аиво Орав и Џес Бејли во кусо обраќање до јавноста откако ќе ја достават до премиерот Емил Димитриеви до четирите политички партии.

Амбасадорот Орав вчера беше во Брисел на консултации со кабинетот на Еврокомесарот Јоханес Хан кој лично посредуваше во постигнувањето на договорот од пржино.

Во очекување на одговорот од меѓународната заедница дали ќе даде поддршка за одржување на избори на договорениот датум во април партиите излегоа со свои ставови.

До сега ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека не сака да остапи од 24 април, а СДСМ инсистира да се одржат изборите само кога ќе се исполнат условите за да бидат фер и слободни. ДУИ пак, го промени ставот и вчера соопшти дека е потребно консензус за нов датум за избори.

Трите клучни точки кои требаше да бидат исполнети до денеска беа договор за медиумите, прочистување на списокот и одвојување на партијата од државата.

XS
SM
MD
LG