Достапни линкови

logo-print

Временска прогноза - облачно и посвежо


Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од пет до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и доста посвежо со повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе се искачи до девет степени.

Во недела и во понеделник времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, а дневната температура ќе бележи пораст.

Од вторник се очекува променливо облачно време со повремен локален дожд.

XS
SM
MD
LG