Достапни линкови

Нема притвор ни за Јанкулоска и Божиновски


Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Нема притвор ни за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски и за уште три лица, осомничени во случајот „Титаник“ за изборни измами, одлучил Кривичниот совет во Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Во денешното соопштение од судот се наведува дека не е прифатена жалбата на Специјалното јавно обвинителство, кое се жалеше откако судија во претходна постапка не им одреди притвор на деветмина осомничени. Оваа одлука е конечна. За другите четворица осомничени, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, судот уште вчера одлучи дека нема основа за притвор и ги отфрли жалбите на Специјалното јавно обвинителство.

XS
SM
MD
LG