Достапни линкови

Бугарски камиони ги блокираа сите гранични премини кон Грција


Илустрација

Илустрација

Бугарски возачи на камиони денеска ги блокираа сите шест контролни пунктови на границата со Грција во знак на протест поради повеќенеделните блокади од грчките фармери. Има долги колони камиони и автомобили, а само на пешаци им е дозволено да ја преминат границата. Синдикатите на бугарските камионџии се бесни поради протестите на грчките земјоделци кои предизвикаа блокади на премините за товарни камиони и им нанесоа огромни загуби на транспортните компании. Тие порачаа дека ќе продолжат со блокадата се додека грчките земјоделци не ги тргнат своите камиони и ги ослободат патишта кон Бугарија.

Бугарскиот парламент издаде специјална декларација во која се апелира на ЕУ да покрене прекршочна постапка против Грција заради кршење на европски закони за слобода на движење на стоките.

XS
SM
MD
LG