Достапни линкови

logo-print

ЕУ И САД утре ќе ја соопштат проценката за изборите


Aмбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли

Aмбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли

Оценката на ЕУ и САД за тоа дали има услови за одржување кредибилни избори на 24-ти април ќе биде објавена утре, попладне, потврдија за МИА од Амбасадата на САД во Скопје. ЕУ и САД денеска, а најдоцна утре требаше да ја објават проценката на меѓународната заедница дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 24 април, согласно договорот од Пржино. Евроамбасадорот Аиво Орав, завчера, одговарајќи на новинарско прашање изјави дека проценката се уште е во подготовка.

„Од една страна 24 април е дел од договорот како ден за предвремени избори, но од друга страна има многу задоцнувања во имплементацијата на договорот од Пржино“, рече евроамбасадорот Орав.

XS
SM
MD
LG